Дете прегазено на „Пластичарска“, возачот побегнал

Сител објави: Во 16.47 ч. на бул. „Никола Карев“ во Скопје патничко возило „Мерцедес“ удрило во малолетник, по што возилото го напуштило местото на настанот.

Малолетникот е пренесен во УЦ-Скопје, каде била констатирана смрт. По кратко време, полициски службеници  го пронашле возилото и возачот З.Ш. (21), кој е приведен.

Неофицијално, се работи за 10 годишно момче кое се обидело да го премине булеварот во близина на раскрсницата кај американската амбасада, а Мерцедесот се движел од правец од Бит Пазар со поголема брзина. Детето починало на лице место.

sitel.com.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons