O’Брајан: На изборите граѓаните да изберат пат кон ЕУ 

Во пресрет на изборите Американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан, во интервју за МИА вели дека на изборите имало две опции од кои едната нудела јасен пат кон Европската Унија а другата не и дека граѓаните се тие кои треба да одбираат.

– Сметам дека изборите претставуваат јасен избор помеѓу луѓе кои имаат пат кон Европа и луѓе чие минато покажува дека не се заинтересирани за пристапување во ЕУ. Затоа е особено важно сите да земат учество и јасно да ги искажат своите ставови. Како што кажав во текот на мојата претходна посета во ноември, важно е да се прашаат кандидатите каков им е планот за во иднина. Има еден пат што е означен, тој е контроверзен, и секој граѓанин треба да донесе сопствена одлука. И постои пат што не е опишан и реално е прашањето дали воопшто постои или само претставува погоден начин за да се избегне да се каже дека всушност нема пат – вели О’Брајан.

Тој не крие дека не е среќен што албанската опозиција најавува самостојно учество на изборите. 

– Како човек кој се грижи за интересите на САД во регионот, можам да кажам дека е важно граѓаните на Македонија да имаат можност да дадат јасен глас околу нивната континуирана посветеност на патот кон Европа. Сметам дека колку повеќе е фрагментиран политичкиот простор, толку понејасна ќе биде пораката. Сепак, ова е одлука што треба да ја донесат политичарите и граѓаните. – вели О’Брајан во интервју за МИА.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons