Зеленски: Украина не може да се заплаши
По жестоките вчерашни руски ракетни напади врз многу големи градови во Украина, претседателот Володимир Зеленскиј ноќеска повторно ја нагласи волјата на неговата земја да се спротивстави.
Во вчерашните ракетни напади загинаа 14 лица, а 97 беа ранети, соопштија службите за итни случаи, додека цел на нападите беа крстосници, паркови и туристички места.
Експлозии беа пријавени во Киев, Тернопил и Житомир во западна Украина, Днипар и Кременчук во централна Украина, Запорожје на југ и Харков на исток, соопштија украинските власти.
Десетици крстосувачки проектили ја нападнаа земјата од воздух, копно и море, во најширокиот бран воздушни напади од почетните напади на првиот ден од војната на 24 февруари, во кој беа погодени цели што се далеку од линиите на фронтот.
-Украина не може да биде заплашена. Наместо тоа, ние сме уште пообединети, рече Зеленски во неговото редовно ноќно видео обраќање до сограѓаните од Киев.
„Ќе направиме сè за да ги зајакнеме нашите вооружени сили”, рече тој во доцното ноќно обраќање.
-Воиштето за непријателот ќе биде уште поболно, додаде тој.
Украинското Министерство за одбрана во синоќа соопшти дека Русија извршила најмалку 84 ракетни и воздушни напади, а украинската противвоздушна одбрана уништила 43 крстосувачки ракети и 13 беспилотни летала.
Говорејќи од оштетената крстосница кај Универзитетот во Киев, а не од неговата силно обезбедувана претседателска канцеларија, како што тоа вобичаено го прави, Зеленски ноќеска кажа дека во и околу Универзитетот во Киев има само цивилни цели и дека нема никакви воени објекти, за кои Русија соопшти дека ги гаѓа.
-Окупаторите не можат да ни се спротивстават на бојното поле и затоа го продолжуваат теророт, рече Зеленски.
Во многу градови, додаде тој, службите ги поправаат расипаните далноводи и снабдувањето со вода. „Ќе бидат потребни уште неколку часа.
Украинскиот лидер ги повика граѓаните „разумно да ја користат струјата” што е можно повеќе.
-Колку повеќе Украинците штедат електрична енергија, толку постабилно ќе работи мрежата, рече тој.
Според Зеленски, нападите биле намерно извршени за време на сообраќајниот пик во утринските часови за да се убијат што повеќе луѓе и да се прекине електричната енергија.
Еден ден по разорните ракетни напади во Украина, утринава во Киев и во неколку други региони повторно се огласија сирените за воздушен напад, јавија украинските медиуми. Запорожје повторно е цел на руски ракетни напади, а во Виница е погодена термоцентрала од камикази беспилотни летала.
Покрај Киев, сирените се огласија и во регионите Запорожје, Чернихив, Виница, Одеса, Суми и Днепар, јавуваат украинските медиуми.
Во меѓувреме, шефот на украинската регионална воена управа на Запорожје, Олександр Старух, на каналот Телеграм напиша дека руските сили истрелале ракети врз регионалниот центар и „целеле врз инфраструктурни објекти”, пренесува Укринформ.
Шефот на регионалната воена управа во Виница Серхиј Борзов изјави дека две беспилотни летала „Шахед-136″ ја погодиле термоелектраната Ладижин.