ПАЛЕСТИНЦИТЕ СЕ КРИЈАТ ВО ЦРКВИ, БОЛНИЦИ, ЗГРАДИ: Повеќе од 600 луѓе користат еден тоалет

Повеќе од 600 луѓе делат еден тоалет во засолниште во Газа.

Околу 22.000 луѓе се засолниле во Кан Јунис Тренинг, центар на Агенцијата на ОН за помош и работи, каде што има само два метри квадратни за секое лице.

Тие се меѓу околу 717.000 луѓе во објектите обезбедени од агенцијата, од вкупно 1,5 милиони внатрешно раселени лица. Уште 122.000 луѓе се засолниле во болници, цркви и јавни згради.

Најмалку 40 отсто од болниците и 71 отсто од сите установи за примарна здравствена заштита во Газа престанаа да работат поради оштетување или немање на гориво.

Израелската армија вчера упати повици за евакуација до сите болници на северот. Велат дека во некои случаи просториите ги користеле милитанти.

Пред еден месец, Хамас го нападна Израел и војната уште трае. 

foto Profimedia

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons