НЕВИДЕН МАСАКР ВО ЦРНА ГОРА: Убиени се 11 лица!
Триесетичетири годишен маж е убиен, откако претходно убил неколку луѓе во Цетиње.
Мажот отворил оган со огнено оружје кон сограѓани зад зградата на Владата во Цетиње, денеска нешто пред 16 часот. Службите на Брзата помош се на местото на нападот, како и полицијата.
– Во Цетиње околу 16 часот имало пукање во кое, како што неофицијално дознава подгоричкиот весник Дан, убиени се повеќе од 10 лица, меѓу кои и деца, објавија медиумите.
Официјално соопштение од полицијата сѐ уште нема. Меѓу повредените е и еден полицаец.
Според неофицијални информации се работи за семеен конфликт.