Србија набави моќно кинеско оружје и ги загрижи балканските соседи (ВИДЕО) 

Набавката на моќното оружје од кинеско производство кај дел од соседите може да се толкува како закана иако Србија и предходно важеше за една од најдобро вооружени земји во целиот регион.

Утрово на српскиот воен аеродром „Полковник-пилот Миленко Павловиќ“ слетале (најверојатно 6) тешки транспортни авиони Y-20A на Военото воздухопловство на НР Кина. Нивниот лет до аеродромот Батајница можел да се следи на јавните служби за следење летови. По Батајница, дел од авионот слетал на аеродромот „Никола Тесла“ за да наполни гориво, а околу 9 часот полетале назад за Кина.

Според српски извори најверојатно се работи за првиот дел од испораката (се очекуваат повеќе летови) на кинескиот систем за противвоздушна одбрана ФК-3, кој Србија го договори и плати во 2019 година, а преговорите за оваа набавка започнале во Народна Република Кина во 2018 година. 

На крајот на јануари, министерот за одбрана на Србија, Небојша Стефановиќ, навести дека ВВ и ПВО на Армијата на Србија оваа година би можеле да добијат ФК-3 при посетата на 310-та самоодна противвоздушна ракетна дивизија кога министерот нагласи дека оваа единица од Крагуевац се подготвува да добие нова опрема која наскоро ќе пристигне и во Србија, пренесува порталот Танго Сикс.

Потоа, на 19 февруари, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на предизборниот митинг во Мерошина изјави дека „армијата наскоро ќе го добие едно од најмоќните оружја во светот“, а потоа два дена подоцна прецизираше дека „нешто доаѓа“ на 25 февруари. 

Испораката најверојатно била нарушена со почетокот на војната во Украина, која започна ден претходно. Можна испорака на кинескиот систем за противвоздушна одбрана Вучиќ најави и на митингот во Ниш на 30 март, кога изјави дека по изборите ќе им го покаже на граѓаните новото оружје набавено од војската на Србија.

Пакетот на моќното кинеско оружје ФК-3 се состои од целен радар и две самоодни лансирни оружја.

,,Србија, барем официјално, ќе стане првата земја-корисничка на FK-3 што ќе ја претставува извозната верзија на системот HQ-22. Сè уште не е познато или објавено дали воздушната одбрана на Тајландската морнарица веќе ги добила овие системи во јуни 2019 година. Одделот за набавки на тајландската морнарица објави тендерска документација за набавка на систем за копнена противвоздушна одбрана со среден дострел. Најверојатно е избран кинескиот ФК 3, пишува порталот Танго Сикс.

Според Балканската безбедносна мрежа, 250-та противвоздушна ракетна бригада (ПВД) на воздухопловните сили и ПВО на Армијата на Србија веќе се подготвила за прием на нова опрема. Веќе е формирана нова единица која претходно користела нумерација 2-ра ракетна дивизија за ПВД. Бидејќи системот ФЦ-3 е наменет за воздушна одбрана на територијата, не е тешко да се заклучи дека во наредните години овој систем најверојатно ќе ги замени ракетните системи С-125М „Нева“ од руско потекло.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons