Жан Митрев остана без пасошот 

Одземен е пасошот на докторот Жан Митрев. 

Ваква одлука донел судијата на претходна постапка откако Јавното Обвинителство денеска го сослуша и побара мерка за обезбедување.

Обвинителството води истрага за измама на пациенти во приватна клиника. Информираат дека по утврдување на определени околности во текот на предистражната постапка, Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Измама од член 247 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons