Поради војната во Украина на 50 милиони луѓе им се заканува глад
На многу земји им се заканува глад. Поради војната во Украина ќе гладуваат 40 до 50 милиони луѓе.
Американскиот државен секретар Антони Блинкен вели дека Русија одбива да извезе жито, а Украина е под блокада.
Германската шефица на дипломатијата, Анален Баербок ја повика меѓународната заедница да помогне во борбата против гладот во многу делови од светот и ги нарече потезите на Русија „цинични”. Таа наведува дека веќе во јули можно е да има извоз на жито од Украина. Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека Британија е подготвена да помогне во операциите за деминирање на јужниот брег на Украина и да ја разгледа можноста за нудење безбедност на бродовите со цел да се префрлат милиони тони жито што се наоѓаат во земјата.
foto freepik.com