„О, Боже мој, што ми направи?“: Тргнал на одмор со другарите и загина во страшна сообраќајна несреќа 

Тргнал на одмор со другарите и загина во страшна сообраќајна несреќа

Младиот К.Н.(20) загина, а 10 лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска во селото Суботинац на патот меѓу Алексинац и Сокобања во Србија. На местото на тешката сообраќајка излегле роднини на младиот човек од околината на Лесковац.

– О, Боже мој, што ми направи? Зошто се случи ова? – липал човекот, очигледно татко на загинатото младо момче покрај уништената кола, јавува Блиц.рс.

Според неофицијални информации, младиот човек и неговите пријатели отишле да земат пријател во околината на Сокобања, каде планирале да поминат неколку дена одмор. Покрај остатоците од уништениот автомобил, имало и звучници и музички уреди кои ги понеле на одмор, како и чанти со лични работи.

Д-р Ненад Благојевиќ од клиниката за ортопедија при болницата во Алексинац вели дека петтемина повредени од несреќата кои се сместени во болницата во Алексинац се во стабилна состојба. Според него, станува збор за полесни телесни повреди и не се опасни по живот.

– Сите пациенти се свесни, комуникативни, со стабилни витални параметри и никој не е во животна опасност. Едниот пациент има скршеница на подколеницата додека другите се со повреди од контузија – изјави д-р Благојевиќ за „Блиц“.

Петмина тешко повредени се пренесени во Клиничкиот центар во Ниш.

📸
📸

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons