Македонија падна за две позиции на ФИФА ранг листата

Во најновата ФИФА ранг листа Македонија бележи пад од две места и моментно се наоѓа на 64 позиција со 1375,2 поени.

Пред јунските настапи во Лигата на нации, на 31 март 2022 година бевме рангирани на 62 место.

Овој месец двапати триумфиравме над Гибралтар, ремизиравме со Бугарија, а загубивме убедливо дома од Грузија.

Следните мечеви избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе ги имаат во септември, на гости против Грузија, а на домашен терен ќе ги пречекаме Бугарите.

На врвот останува Бразил со 1837 поени, пред Белгија, а сега третопласирана е Аргентина, веднаш пред актуелниот светски шампион Франција.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons