Зидан го одбил ПСЖ, неговата цел е да стане селектор на Франција
Наспроти тврдењата на Насер Ал Келаифи дека никогаш не преговарале со Зинедин Зидан, француските медиуми тврдат дека разговори имало, но Зизу има други планови и амбиции.
Синоќа Насер Ал Келаифи рече дека никогаш не преговарале со Зидан, ни директно, ни индиректно.
„Јас го сакам Зидан, тој беше фантастичен фудбалер, неверојатен играч. Тој беше и исклучителен трнер со три титули во Лигата на шампионите. Но ќе ви кажам една работа, ние никогаш не сме зборувал со него, ниту директно, ниту индиректно. Многу клубови се заинтересирани за него, исто така и неколку национални тимови, но ние никогаш не сме зборувале со него. Кога велам ние, мислам на ПСЖ. Јас сум претседател на ПСЖ и никогаш не сум зборувал ништо со него“, рече Ал Келаифи.
Но преговори имало, а Зидан ги одбил затоа што сака да стане селектор на Франција. Тој не ја исклучил можноста еден ден да стане тренер на ПСЖ, но сега нема тоа да го направи.
Дидие Дешамп ќе си замине од селекторската позиција на Франција по крајот на Светското првенство во Катар.
Зидан не сака да ја пропушти можноста да биде негов наследник. Се верува дека тој веќе има постигнато договор со Француската фудбалска федерација, само прашање на време е кога тој и официјално ќе биде објавен.
Амбиција и сон на Зидан е да стане селектор на Франција, без разлика на парите кои му ги нуделе од ПСЖ, тој останал на патот кон остварувањето на своите амбиции.