Во силен земјотрес загинаа најмалку 250 луѓе во Авганистан  

Во земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала рано утрово загинаа најмалку 250 лица во Авганистан, изјави официјален претставник, додавајќи дека најмалку 150 лица се повредени и дека се вршат проверки за да се види дали е можно бројот на жртвите да е поголем.

Земјотресот се случил на околу 44 километри од градот Хост, во близина на пакистанската граница, на длабочина од 51 километар, соопшти Геолошкиот институт на САД.

„Силни и долги потреси“, објави жител на авганистанската престолнина Кабул на веб-страницата на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

„Беше силно“, рече жител на северозападниот пакистански град Пешавар.

Тресењето го почувствувале околу 119 милиони луѓе во Пакистан, Авганистан и Индија, објави ЕМСЦ на Твитер.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons