МакедонијаНајново

Македонската Амбасада во Абу Даби со итно соопштение: Избегнувајте јавни собири, воени објекти и пограничниот појас со Јемен

Македонската Амбасада во Абу Даби испрати итно соопштение до  сите македонски државјани кои престојуваат таму на максимална будност, внимателност и следење на безбедносните протоколи, откако Хутите го нападнаа аеродромот во Ријад, а раководството на Саудиска Арабија вети дека ќе возврати на нападите.

Од Амбасада ги потенцираат клучните безбедносни препораки што треба да ги следат државјаните што се таму:

– Итна заштита: Штом се активира безбедносна вонредна тревога или сирена, веднаш влезете во затворен простор (куќа/објект) и останете подалеку од прозорци и стакла.
–  Забранети зони: Избегнувајте јавни собири, воени објекти и пограничниот појас со Јемен.
–  Дигитална безбедност: Чувајте ги телефоните полни и погрижете се уредите да бидат чисти од какви било контроверзни содржини.
–  Строга забрана за снимање: Според законите во КСА, строго е забрането фотографирање, снимање или споделување видеа од нападите. Локалните власти строго казнуваат за вакви објави на социјалните мрежи.
– Сомнителни предмети: Секакви сомнителни објекти или паднати остатоци веднаш пријавете ги преку саудиската апликација Tawakkalna.

Оттаму посочуваат дека иако авиосообраќајот се рестартира, можни се чести вонредни одложувања, па затоа е треба задолжително да ја контактираат авиокомпанијата  за статусот на летот пред да тргнат кон меѓународниот аеродром „Крал Калид“ во Ријад.

-Редовните летови сè уште функционираат со повремени откажувања и може да се користат за евакуација, велат од Амбасадата.

За какви било итни потреби и асистенција, на македонските државјани им се посочува веднаш да го контактираат  дежурниот број на Амбасадата на РС Македонија во Абу Даби  +971 56 441 7532 .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons