Поскапи меѓуградскиот автобуски превоз 

Во низата поскапувања од денеска е и автобускиот билет на релација Куманово – Скопје. Билетот поскапи за 20 денари. Со тоа, цената на билетот од Скопје со Куманово достигна цена од 170 денари за билет во еден правец, односно 340 денари за повратен билет.

Превозниците ваквите поскапувања ги правдаат со покачување на цената на нафтените деривати која од ден на ден урива рекорди.

Така за 20 работни дена, работниците и студентите кои работат, односно студираат во метрополата, месечно ќе треба да издвојат 6.800 денари за патни трошоци или повеќе од една третина од просечната плата.

Пред само две години, билетот за релација Куманово – Скопје и обратно изнесуваше само 100 денари.

Поскапен е превозот и на релација Скопје- Тетово.

Патниците кои патуваат од Тетово кон Скопје со автобускиот превозник Еуро турист – Гостивар од вчера наместо 160 денари, плаќаат за билетот 190 денари. Релацијата Гостивар – Скопје претходно чинеше 250 денари, а од денес чини 300 денари.

-Ние сме принудени да ги поскапиме билетите поради растот на цената на горивото, што изминативе денови поскапи за речиси 10 отсто, велат од Еуро Турист Гостивар.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons