Седлоски повеќе не е селектор, ФФМ му се заблагодари за придонесот
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и Гоце Седлоски ја завршуваат досегашната соработка. Одлуката за разделба, како што посочуваат од Федерацијата, е донесена во интерес на репрезентацијата, но и на самиот Седлоски, со цел да се избегнат дополнителниот притисок и негативните коментари.
Од ФФМ нагласуваат дека резултатите не треба да го засенат придонесот на Седлоски за македонскиот фудбал, истакнувајќи дека станува збор за еден од најтрофејните македонски тренери, легендарен капитен и личност која оставила длабока трага во историјата на домашниот фудбал.
Од ФФМ испратија и порака дека фудбалот не се сведува само на резултати, а почитта кон луѓето кои придонеле за неговиот развој треба да остане и по завршувањето на нивната работа
„Резултатите се дел од фудбалот. Почитта кон луѓето кои го задолжиле треба да остане и по последниот натпревар“, порачуваат од ФФМ. објави Скопје1.мк



