МагазинНајново

Студено утро, но ќе се појави есенско сонце – Еве кога пристигнува влажниот бран

Утрово во земјава ќе биде ведро и студено, а во текот на денот ќе имаме сончево и релативно топло време. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени.

Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Времето во наредните денови

Во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време.

Од четврток ќе има зголемување на облачноста и утринските температури ќе бидат во пораст. Услови за локален дожд ќе има во петок.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons