Спорт

Македонските репрезентации со успешен старт на шаховската олимпијада во Узбекистан

Машката репрезентација (која е на стартното 56 место во конкуренција на 208 репрезентации) предводена од селекторот ВМ Трајко Недев на стартот славеше со 4:0 против Кајмански Острови.

Победи остварија ИМ Емил Ристески, ФМ Антон Златков, Филип Панчевски и ИМ Тони Лазов. Следен противник на шахистите ќе биде селекцијата на Холандија.

Женската репрезентација (која е на стартното 75 место во конкуренција на 191 репрезентација) предводена од селекторот ФМ Љубиша Андоновски со 4:0 беше поуспешна од селекцијата на Свети Винцент и Гренадини, а победи остварија ВФМ Моника Жежовска, ВФМ Ивана Манова, Сања Трајковска и Катерина Петровска.

Следен противник на шахистките ќе биде репрезентацијата на Аргентина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons