Седма победа по ред за Ферстапен

Макс Ферстапен ја продолжува доминацијата во Формула 1 оваа сезона, Холанѓанецот седми пат по ред дојде до победа откако денеска беше најбрз на Хунгароринг во Будимпешта.

Ферстапен дојде до 44. победа во кариерата, седма по ред оваа сезона. Првиот возач на Ред Бул извозе рутински од почетокот до крајот. Главната работа ја заврши на стартот кога го помина Луис Хамилтон кој изненадувачки имаше пол-позиција.

Ферстапен веднаш изби на чело на колоната, а потоа само ја зголемуваше предноста и во ниту еден момент не дозволи победата да му биде доведена во прашање. Британецот имаше катастрофален старт, па веќе на вториот свиок падна за дури четири позиција.

Поранешниот светски првак на крајот мораше да се задоволи само со четвртото место, откако на десетина круга до крајот успеа да го мине Пјати. Покрај Ферстапен, место на победничкиот подиум имаше за второпласираниот Норис и за Перез на третата позиција, а зад Пјати трката ја завршија Леклер, Расел, Саинц, Алонсо и Строл.

Одбраната на титулата веќе е речиси сигурна работа за Ферстапенм со оглед на деветте победи во досегашните 11 трки сезонава. Единствениот кој успеал да го победи Ферстапен годинава е неговиот тим колега Серхио Перез, кој беше најдобар во Саудиска Арабија и во Азербејџан.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons