Сончево во поголем дел од земјата, температури до 37 степени
Времето денеска ќе биде претежно сончево, со мала до умерена локална облачност, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Утринските температури ќе се движат од 6 до 15 Целзиусови степени, а максималните температури ќе достигнат од 29 до 37 степени.
Во Скопје се очекува претежно сончево време со слаб ветер од променлив правец.



