Лошите услови во затворот “Идризово“ причина за најава на штрајк со глад на 50 затворенички 

Катастрофалните услови во затворот “Идризово“ е доволна причина педесет затвореничките да најават штрајк со глад. Во петицијата испратена до директорот му даваат рок за 2 дена да ги поправи работите во спротивно ќе бидат приморани на оваа мерка велат затвореничките за ТВ Сител.

– “Условите се катастрофални, во секоја соба има влага, глувци, стаорци, а хигиената е на минимална основа. Грноцид се прави врз човетвото. Нас ни е битна петицијата, некој од службата да се види со нас. Досега никој не е повикал, не знаеме ни дали е стигната петицијата таму каде што треба да стигне. Како нешто пробуваат, пуштаат топло, па гасат. Не се знае што се прави. Нас не интересира затоа што катастрофа се условите за живеење внатре“, вели една од затвореничките.

Петицијата стигнала и до директорот на затворот Зоран Јовановски каде вели дека барањата се процесуираат. Но иако потврдува дека условите се катастрофални, затвореничките не биле оставени толку долго во вакви услови. Станувало збор за дефект кој бил саниран. Вели не е точно дека две седмици немале топла вода. Скенирања биле направени и се правел план за реновирање.

Во Идризово моментално се сместени 1216 затвореници, од кои 70 се жени. Затоа Јовановски бара надлежнте да не се залагаат само декларативно за подобрување на условите во затворот, туку и вистински да се зафатат со работа.

Засега нема ништо ниту од ветувањата на министерот Лога за изградба и на нови капацитети во Идризово. Иако и самиот предупредуваше колку е лоша состојбата, на терен нема никакви поместувања. Дополнително, и покрај катастрофалните услови во кои се сместени затворениците, државата скратила дури 15 отсто од буџетот за оваа година наменет за затворите.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons