НЕМА СОНЦЕ, ВИСТИНСКАТА ЗИМА ДОАЃА: Метеорологот Попоски прогнозира нова тура дождови и снег дури и во градовите 

Метеопрогнозерот Славчо Попоски вели дека под влијание на нов влажен бран од запад, во следните часови од запад ќе започнат нови врнежи од дожд и истите ќе се прошират речиси насекаде. Локално врнежите ќе бидат обилни (над 25 л/м2). Повремено врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег само на планините со надморска височина од над 2000 метри. И во Скопје  и околината се очекуваат нови врнежи од дожд.

-Од понеделник попладне и во вторник ќе има краткотрајна стабилизација на времето, а нов влажен бран од северозапад Македонија ќе ја зафати во среда попладне и тој ќе донесе нови врнежи од дожд и засилен ветер од северен правец. Повторно на високите планини се очекуваат врнежи од снег, а температурата ќе бележи тенденција на опаѓање, и тоа поради продор на постуден воздушен бран од север. Нумеричките модели и понатаму цртаа големо заладување на времето ширум регионот и кај нас за време на следниот викенд, кога освен на планините и на повисоките места, снег ќе има понекаде и во градовите во регионот. На планините тогаш ќе се формира првата позначителна снежна покривка, што е најава за значително поснежна зима со повремени продори на поларни воздушни маси од Арктикот. Како што наведовме во сезонската прогноза за претстојната зима 2023/2024, очекуваме и се посилни и побројни временски непогоди. Температурите во следните неколку денови остануваат без поголеми промени, и максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени. Наутро пак ќе биде релативно студено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 10 степени, вели тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons