Спорт

ФФМ ја поддржа иницијативата трибината на ,,Тодор Проески” да го носи името на Рингов

Навивачите на Вардар за време на денешниот натпревар против Силекс, кој „црвено-црните“ го добија со 2-1, испратија силна порака поврзана со иницијативата Јужната трибина на Арената „Тодор Проески“ да го носи името на легендарниот Васил Рингов.

Поддршка за иницијативата пристигна и од Фудбалската федерација на Македонија, како и од претседателот Масар Омерагиќ. По крајот на средбата во Скопје, ФФМ објави официјален документ со кој застана зад идејата за именување на трибината во чест на Рингов.

„’Фудбал под сенка’ е неговата биографија, но името на Васил Рингов не смее да остане во ‘сенка’“, напиша Омерагиќ, споделувајќи го документот со кој Федерацијата ја поддржува иницијативата.

Фото: ФФМ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons