РФМ: Поразите нѐ болат, со сите сили одиме на победа против Аргентина! 

Македонската машка ракометна репрезентација утре ќе го одигра најважниот меч на СП 2023 и тоа против Аргентина (18 часот) во кој ќе брка победа вредна пласман во вториот круг, откако загуби во првите две средби против Норвешка и Холандија.

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) преку соопштение потенцира дека неуспехот сите ги боли и упати благодарница до навивачите кои отпатуваат во Краков за да им дадат поддршка на избраниците на Кире Лазаров.

„Со седум дебитанти на теренот и еден од најмладите национални тимови на Мундијалот, тешко се носевме со двата противника во групата. Поразите болат и навистина ни е жал што до сега не ја израдувавме бројната фаланга во Краков. Уште еднаш, огромна благодарност за нашиот осми играч! Тимот е сложен; пулсира во духот на единството и одиме со сите сили на трета среќа – СО СРЦЕ ЗА МАКЕДОНИЈА!“ – се вели во дел од соопштението.

Аргентинците имаат подобра гол-разлика по двата порази досега, исто така против Норвешка и Холандија, поради што на жолто-црвените не би им одговарало реми, туку само победа ќе ги води во следната фаза. Таму без пренесен бод би се сретнале уште со Германија, Катар и Србија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons