Свет

Илјадници евакуирани во Берлин откако е пронајдена бомба од Втората светска војна

Илјадници луѓе во Берлин беа принудени да се евакуираат од своите домови откако во четврток во реката Шпре беше пронајдена неексплодирана бомба од Втората светска војна, која ќе биде отстранета денес.

Полицијата постави безбедносен периметар од 500 метри во густо населената област на градот, соопшти берлинската полиција на мрежата Икс.

Како дел од евакуацијата, полициски екипи ги посетија куќите и становите за да ги предупредат жителите дека мора привремено да се преселат од безбедносни причини.

Полицијата соопшти дека бомбата ќе биде деактивирана денес, кога нуркачите ќе можат да спроведат подетален преглед, објави Дојче веле.

Бомбата е четири метри под вода и е покриена со тиња и слуз, што ја комплицира операцијата, соопшти полицијата.

Се очекува жителите да можат да се вратат во своите домови денес. Дотогаш, бродскиот сообраќај на Шпре, која поминува низ градот, е суспендиран.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons