Турција: Резервите на гас во Црно Море се доволни за светот за 45 години 

Енергетските резерви во Црното Море се доволни да ја покријат светската побарувачка за природен гас за 45 години, изјави поранешниот турски премиер Бинали Јилдирим.

Резервите на природен гас во Црно Море се проценуваат на 540 милијарди кубни метри. Ова е само почетокот, ќе има и продолжение. Црно Море е во состојба да ги покрие светските потреби за гас за 45 години“, кажа Јилдирим.

Турските власти во 2020 година објавија дека се откриени големи резерви на гас во Црното Море.

Резервите на најголемото наоѓалиште Сакарија тогаш надминаа 400 милијарди кубни метри.

Турскиот министер за енергетика и природни ресурси Фатих Домез кажа дека планирано ова поле да почне со работа на почетокот на 2023 година и дневното производство на гас да се зголеми на 40 милиони кубни метри.

„Планираме да почнеме со производство на гас, најверојатно во првиот квартал на следната година. Во почетната фаза дневно ќе се произведуваат 10 милиони кобни метри гас, во рок од три до четири години планираме да го зголемиме обемот на 40 милиони кубни метри на ден“, кажа турскиот министер.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons