Мурињо се враќа таму каде што почна, ќе биде нов тренер на Бенфика
Жозе Мурињо е пред враќање во Лигата на шампионите, Португалецот веројатно ќе води португалски тим, во завршни преговори е со Бенфика.
По вчерашната бламажа во која Бенфика имаше водство од 2-0, а загуби со 3-2 на свој терен од Карабах, Бруно Лаж доби отказ.
Португалскиот клуб преговара со Мурињо и според информациите од оваа земја тие се во напредна фаза.
Мурињо сака веднаш да се врати на работа и ја отворил вратата за преземање на Бенфика.
Се очекува наскоро да биде постигнат договор и Португалецот да го преземе гигантот од Лисабон.
Интересно, токму Бенфика го елиминираше Фенербахче во плејофот за пласман во Лигата на шампионите, а Жозе Мурињо ќе стане тренер токму на овој тим и ќе игра во елитното натпреварување.
Бенфика е првиот клуб каде што Мурињо беше тренер, тој го водеше тимот на девет меча и потоа сам поднесе оставка по смената на претседателот на португалскиот клуб.