Бобан Николов има нов клуб
Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец, Бобан Николов се враќа во Романија откако стави потпис со Фарул Костанца, клуб кој е наследник на Академија Хаџи каде што Николов настапуваше пред 12 години.
Во Фарул тој пристигнува од Борац Бања Лука, а покрај Академија Хаџи, Николов во Романија еден период беше дел и од Стеуауа, па така е добро познато име во романскиот фудбал.
Николов зад себе има богато искуство во повеќе европски клубови, меѓу кои Вардар, Виториул, Видеотон, Лече, Шериф Тираспол, МОЛ Фехервар и Кишварда.
За македонската репрезентација има 49 настапи и четири погодоци, а последниот меч во националниот дрес го одигра во 2022 година против Азербејџан.