Алмерија плаќа шест милиони евра за Барди 

Македонскиот репрезентативец, Енис Барди е пред трансфер во Алмерија која е подготвена за него да плати шест милиони евра. 

Откако Леванте испадна од Ла Лига, извесно е дека Енис Барди ќе ја промени фудбалската средина. Тој е фудбалерот од чија продажба можат да земат пари за да покријат дел од финансиската дупка. 

Алмерија подолго време се поврзува со Барди, а шпанските медиуми сега пренесуваат дека тие наводно се согласиле да платат шест милиони евра за да го добијат македонскиот фудбалер од Леванте. 

Барди наводно е согласен да потпише договор со новиот член на Ла Лига, па се очекува во наредните денови трансферот да се реализира.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons