МакедонијаНајново

Катица Јанева се вработи кај нејзиниот син, секој ден излегува од затвор па се враќа 

Ноќе во затвор, а преку ден на работа кај синот.. Катица Јанева од денеска е вработена во адвокатската канцеларија на нејзиниот син. За работниот ангажман информираше на фејсбук, а во објавата пишува дека се вработила кај Адвокат Лазар Јанев. Тој во изјава за Сител вели дека Јанева работи на прием и заведување докуметни, се грижи и за нивна класификација.

„Таа во мојата канцеларија е ангажирана за архивско и канцелариско работење, со тоа што ми помага во обврските кои се поврзани со работењето на канцеларијата“, изјави Лазар Јанев, Адвокат.

Од управата за извршување на санкции велат дека екс шефицата на СЈО добила дозвола да работи бидејќи издржала пет од вкупно 7 годишната затворска казна. Според условите, таа наутро излегува од Идризово и за половина час треба да е на работното место. По завршување на работниот ден, мора да се врати во затворската ќелија.. Платата на Јанева ќе оди на сметка на затворот. Парите ќе ги добие на крај од затворската казна.

„Затворот Идризово има определен износ кој секој работодавач е должен да го плати за работникот и процентуален износ кој што останува за осуденото лице кое му се дава на крај од издржување на казната“, вели Јанев.

Јанева беше осудена за случајот Рекет во кој на затвор од девет години беше осуден и Бојан Јовановски. Заради здравствени проблеми тој е на условен отпуст, кој од неодамна по предлог на обвинителството му е продолжен за уште два месеци.

Синот на Јанева кој сега е нејзин работодавач беше менаџер во телевизијата на Боки 13.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons