16 годишник со убодни рани пренесен во болница 

На 27.12.2023 околу 19.15 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со убодни рани бил донесен 16-годишник од Скопје.

Според пријавеното, на подрачје на Полициската станица Бит Пазар, при физичка пресметка, тој бил нападнат со остар предмет од друг малолетник од Скопје.

Во врска со настанот, во 21.05 часот, 17-годишник од Скопје пријавил дека на истото место и тој бил нападнат со остар предмет од истиот малолетник.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons