Треба да се затворат 10 судови низ Македонија 

Судскиот совет допрва ќе мери колку судии ќе ѝ бидат потребни на Македонија. Телото кое именува, унапредува и разрешува судии е на чекор пред нова систематизација во судството. Според актуелната, во земјава треба да има 630 судии, а во моментов има 470. Европските стандарди налагаат да има 21,5 судии на 100.000 жители, што значи дека според пописот кој вбројува над 1,8 милион резидетно население во земјава, треба да има 394 судии. Но, Судскиот совет допрва треба да пресече дали систематизацијата би се креирала по европскиот стандард или по реалните потреби. Актуелно по европски стандард во земјава има повеќе судии, но од Судски совет велат дека во пракса тоа се малку судии, зашто годишно во просек има половина милион судски предмети.

„Верувам дека во европските држави кои имаат децениска, дури некои може и вековна традиција на правните системи, на нивните судства, дека не се појавуваат толку предмети како кај нас, особено еве сега ми доаѓа на ум да кажам предмети од работни односи, предмети со стечајни постапки, имотно-правни односи. Мислам дека нашите судови се оптоварени со такви предмети кои во западните демократии можеби се сведени на минимум…“, изјави Љубиша Арсиќ, портпарол на Судски совет.

Според бројот на жители во Скопје, во метрополата во сите судови треба да има 113 судии. Само во Кривичниот суд има 49. Велат – малку им се.

„Според последната систематизација на Судскиот совет, во Кривичниот суд предвидено е да постапуваат 70 судии…“, велат Основен кривичен суд Скопје.

Според европските стандарди, нема потреба да има судови во општини со помалку од 20.000 жители. Од Судскиот совет велат дека евентуално затворање на суд е ризик. Стравуваат дека предметите може да ги натрупаат со работа судовите во другите градови.

Но, Според европскиот стандард треба да се затворат 10 судови во земјава, бидејќи во тие општини нема 20.000 жители. Меѓу нив се Дебар, Берово, Делчево, Крива Паланка, Ресен и неколку други.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons