(ВИДЕО) Ѓоковиќ дојде во Македонија и не го криеше воодушевувањето од нашата држава – познат и поводот за посета на Јелена
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ е омилен кај многумина Македонци кои се негови навивачи. На неколку наврати и самиот Ноле истакна дека ја почитува и цени нашата држава и нашиот народ.
Во очекување на неговата прва посета на нашата држава, деновиве во Македонија беше неговата понежна половина.
Македонската јавност имаше уникатна можност да се запознае со работата на „Фондацијата Новак“ и тоа од страна на неговата сопруга Јелена Ѓоковиќ, која ја промовира хуманоста и помошта што ја споделуваат заедно со моментално најдобриот светски тенисер.
Гостувањето во нашиот главен град е дел од „Караванот на љубовта и среќата“, со кој изминатиов период таа ја обиколи речиси цела Србија, а сега доаѓа и во нашата држава.
-Преубави момент со НовакЃоковиќ Фондација во Скопје. Не чуваа како охридски бисери. Ќе се вратиме по уште една доза љубов како за нас така и за вас. Ви благодарам Македонија за убавиот дочек и љубовта, порача на својот инстаграм профил Јелена.
Како изгледаше посетата на Скопје низ објективот на Јелена може да погледнете тука.