Затвореникот кој наплатил 4 илјади евра од командирите во Идризово, лежи во затвор за серија измами дека вработува во МВР 

Двајцата командири од затворот „Идризово“ кои му дале мито од 4.000 евра на затвореникот Јанко Јаневски за да ги преместел на работа во МВР, наседнале на истата финта – серија измами за посредство за работа во МВР, за кои тој сега лежи 9 години затвор, објави Сакам да кажам.

Командирите кои ќе одговараат за давање мито и ќе бидат суспендирани од „Идризово“ толку биле наивни, што не знаеле ни дека и претходно Јаневски за истите измамнички финти, одлежал уште две затворски казни, пишува медиумот и додава дека двајцата наивни командири не ни пребарале на Гугл за што е осуден затвореникот Јанко Јаневски, а ако го направеле тоа можеби немало да им земе по 2 илјади евра и да ги измами. Сега не работат ни во МВР ни во „Идризово“.

Јаневски на 16 септември годинав се јавил во ТВ Алфа, каде што се претставил како поранешен заменик-министер за култура, се пожалил дека го малтретирале други затвореници и му барале рекет од 4.000 евра. Директорот на затворот „Идризово“ Зоран Јовановски, првично рекол дека не знае што се случува, но дека ќе провери. Откако ги повикал затвореникот и командирот на разговор директорот изјавил за ТВ Алфа: „Оваа работа не е од сега, трае подолго време. Колку што се информирав, станува збор за должничко доверителски однос меѓу нив и лично недоразбирање“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons