Koлку наши граѓани лани се иселиле во Германија?
Лани повеќе од 53.000 наши граѓани се преселиле во Германија. Во 2021 година пак, над 32.000 Македонци се преселиле во Германија, каде според последниот попис од 2022 година живееле 222.000 нашинци, објави Институтот за јавна политика „Арбен Џафери“, пренесува Фокус.
Цели семејства од Македонија се почесто се решаваат да заминат во Германија и таму да го продолжат животот. Од сите градови на земјава се случува масовно иселување во потрага по подобар стандард и достоинствен живот. Од Неготино и Кавадарци пред три години во Германија се преселија неколку семејства, кои сега живеат во мало место во близина на Дортмунд, а во меѓувреме успеале да им помогнат на повеќе нивни сограѓани и да им обезбедат работа и сместување, па така нивниот број годинава значително се зголемил.