ВО МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА РАБОТИТЕ 201 ГОДИНА ЗА ДА СПЕЧАЛИТЕ МИЛИОН ЕВРА: Во Хрватска 87, Србија 152  

Интересна мапа споделена на страницата „Dalmatian Mapper“ покажува колку години и се потребни на секоја европска земја за да заработи милион евра, а таа бројка за Македонија е 201 година.

Заедно со мапата беше наведено дека е земена предвид просечната плата на секоја земја, а со сумирање се дојде до резултат колку години ќе треба да се работи за да се достигне милион евра.

На картата, земјите со најмалку години потребни за ова достигнување се означени со темно сина боја, додека оние со најмногу се претставени со темно црвена боја.

Кога станува збор за Македонија, таа е претставена со црвена нијанса и таа бројка е 140 години. Во Србија оваа бројка е 152 години, а во Хрватска е значително помала – 87 години.

Меѓу оние земји каде најбрзо се достигнува милионот се: Швајцарија – само 15 години, потоа Исланд со 22 години, Данска со 26 и Норвешка со 27 години.

На другиот крај се оние каде што е потребно многу повеќе – на пример, во Украина се потребни 230 години за да се заработат милион евра по просечна плата, потоа Турција со 214 и Албанија со 208 години.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons