Ѓорческа без проблем до полуфиналето на Триглав опен 

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа со само еден загубен гејм ја победи Сада Нахимана од Бурунди и се пласираше во полуфиналето на Трглав опен кој се игра во Скопје.

Мечот траеше само 52 минута, Ѓорческа првиот сет го доби со 6-0, а во вториот беше подобра со 6-1.

Во полуфиналето Ѓорческа ќе игра против Ива Приморац од Хрватска, која денеска ја елиминираше првата носителка Леолиа Жанжан од Франција со 2-0 (6-3, 6-2) во сетови.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons