Над 29.000 жртви од земјотресот во Турција и Сирија
Надмината е бројката од 29.000 загинати во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија. Обединетите нации стравуваат дека со расчистување на урнатините, овој број може и да се дуплира. Во исто време, спасувачите седми ден по ред прават очајни напори да спаси уште некој живот. Се уште има случаи кога тоа им успева.
Во истата турска провинција Хатај, спасени се татко и неговата петгодишна ќерка.
Но и покрај ваквите успеси, на теренот е тензично. Има информации дека во некои турски региони има и судири и конфликти поради недостиг на храна и вода. Спасувачките екипи работат под притисок на локалното население, а чести се и грабежите во разорените објекти кои не се под надзор. Уапсени се над 90 луѓе поради пљачка и измами на жртвите. Некои се преставувале како хуманитарни работници за да ги ограбат камионите со странска помош наменета за настраданите. Во Турција е поведена и истрага за објектите кои поради непрописно градење во смрт однеле илјадници животи. Властите наредија да се приведат над 100 тина лица од градежниот сектор кои се сомничат дека не ги почитувале законските регулативи за асеизмичка градба. Објавено е и видео од апсењето на претприемачот Мехмет Јашар Кошкун кој бил фатен на Истанбулскиот аердром од каде сакал да избега за Црна Гора. Во исто време, ОН обвинува дека на Сирија не и се помага доволно во овие тешки моменти и дека луѓето таму се оставени сами на себе.