Ивановска: Поднесовме иницијативи за одговорност на тројца министри – епилог нема

Побаравме одговорност од Спасовски, Османи и Нуредини, но Владата молчи, вели за Детектор Претседателката на Антикорупциската корупција Билјана Ивановска. Таа рече дека само во последните неколку месеци поднесени се иницијатива за покренување на одговорност на тројца министри и еден директор назначен од Владаа за несовесно извршување на работата, но до овој момент, од Владата нема никаква реакција за ова прашање.

„Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, за министерот за надворешни работи Бујар Османи и за Минситерот за екологија, Насер Нуредини. Последно доставивме, можеби уште не е стигнато за Директорот за Агенцијата за млади и спорт да си преземе кабинетот мерки за несовесно извршување на работата“ – објасни Ивановска.

Таа се пожали дека до сега, сите иницијативи на Антикорупциска се без ефект бидејќи по нив не се постапува.

„Имаме бројни инцијативи поднесено до Јавното обвинителство, а во моментов се подготвува анализата за нашиот годишен извештај каде што ќе излезат сите бројки и ќе има јавноста увид што точно е поднесено. Не можам да бидам задоволна затоа што секој чинител во општеството треба да си даде свој придонес во борбата со корупцијата.“ – рече Ивановска.

sitel.com.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons