Tри или четири блока за новата пресметка на сметките за струја за домаќинствата 

Тој што повеќе ќе троши струја, повеќе и ќе плаќа. Ова е основата на новиот модел за плаќање на потрошената струја за домаќинствата што наскоро Регулаторната комисија за енергетика ќе го стави на јавна расправа.

Моделот не е дефиниран, но од последните јавни настапи на Марко Бислимоски, директорот на РКЕ, може да се насетат контурите на новиот систем за пресметка на потрошената електрична енергија за домаќинствата. Ќе има три или четири т.н. тарифни блока, кои ќе се однесуваат само на потрошената скапа струја. Овие блокови нема да се однесуваат на потрошената евтина струја.

Сѐ уште не се конечни граничните вредности за тоа колку киловатчасови месечно едно домаќинство ќе може да троши од скапата струја според цена од првиот блок. Кога едно домаќинство ќе потроши повеќе киловатчасови по цена од првиот блок, се оди на пресметка според одредената цена од вториот блок… и така и за третиот и за четвртиот блок.

Од РКЕ најавуваат дека за неколку дена овој модел ќе биде и јавно презентиран, по што би следувала и јавна расправа.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons