150 македонски лекари се пријавија да им помогнат на повредените во Турција

Министерот за здравство Беким Сали денеска во изјава за медиумите соопшти дека на јавниот повик што го објави Министерството за здравство за лекари доброволци што би се упатиле кон погодените места во Турција од земјотресот до синоќа се пријавиле 150 лица. 

Министерот рече дека до 12 часот денеска ќе го имаат прелиминарниот список на доброволци што ќе го понудат во Центарот за управување со кризи, а потоа преку НАТО комуникација со турските власти ќе ги информираат за човечките и материјалните ресурси кои ги имаме на располагање.

Исто така, како што посочи тој, двете комбиња специјализирани за интензивна нега што ги добиваме како донација за Клиниката за педијатрија, комплетирани со два тима од доктор, шофер и медицинска сестра се подготвени да заминат до погодените места, но како што вели Сали, мора прво да се испочитуваат сите протоколи за комуникација, односно да го добиеме одговорот од Турција за тоа што конкретно им е потребно.

Сали информира и дека има список на лекови кои го обезбедиле преку компании и донатори кои исто така ги ставаат на располагање.

Вчера војници, пожарникари, рудари… од Македонија се упатија на помош кон Турција каде разорниот земјотрес уби до сега над 7.000 луѓе.

Во спасувачка мисија заминаа претставници од Дирекцијата за заштита и спасување, од Армијата, а екипа испрати и Град Скопје. На помош заминаа и рудари од Пробиштип, а министерот за здравство Беким Сали повика сите лекари кои сакаат да учествуваат во хуманитарна мисија и помош за настраданите од земјотресот, да се пријават на следниот линк.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons