Владата го разрешила Макрадули, тој не сака да коментира

Откако денеска Владата го разреши Јани Макрадули од директорската позиција во Пошти, тој даде краток коментар за ТВ21. 

„Мислам дека адресата за прашањето за разрешување е таму каде ме разрешиле. Убаво попладне и секое добро”, вели Јани во коментар за ТВ21.Од Владата соопштија денеска  дека одлучувале и по решенијата на Комисијата за кадровски прашања и заклучиле да му препорачаат на Надзорниот одбор на Акционерско друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија” да го отповика Јани Макрадули од должноста претседател на Управниот одбор и генерален директор и на оваа позиција го избере Васко Стефанов, кој е разрешен од должноста заменик-директор на Агенција за вработување на Република Северна Македонија. Но, нема информација за причината за разрешувањето. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons