ЌЕ ТРУПА СНЕГ БЕЗ ПРЕСТАН – еве што најавува УХМР за викендов, дождот со силен ветер и грмежи ќе ве разочара уште од попладнево! 

Од денеска попладне до понеделник претпладне под влијание на влажен бран времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 35 л/м2). Утре локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи, соопшти УХМР.

Денеска, а особено утре ќе дува засилен ветер од јужен и југозападен правец (над 70км/час).

Во Скопје до понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, особено денес во текот на ноќта и утре претпладне, како и во ноќните часови кон понеделник.

Денеска и утре ќе дува засилен ветер од јужен правец.

Од УХМР најавува и дека доаѓа снегот на повисоките места и тоа во пообилна форма и количина, додека во почетокот на следната седмица ќе има преодно стабилизирање на времето.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons