ТРАГЕДИЈА: Едно починато лице и две со изгореници се извлечени утрово од опожарен објект во Требеништа

Територијалната противпожарна единица при Општина Охрид во раните утрински часови интервенираше на опожарен индивидуален објект во распламтена фаза во село Требеништа, Општина Дебарца.

При самата интервенција во објектот во кој лицата живееле, извлечени се две со изгореници и повреди по телото од помал степен. Во истиот објект пронајдено е уште едно починато лице. Причината за пожарот се уште не се знае, информира командирот на Територијалната противпожарна единица Охрид, Борко Јанкулоски.

Во интервенцијата вклучени биле две возила на ТППЕ Охрид и пет пожарникари.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons