Македонија

Јагнето е луксуз за овогодинешната велигденска трпеза

Македонските одгледувачи на јагниња не се задоволни од годишната цена која достигна околу 200 до 210 за килограм жива мера, и која во споредба со регионов била најниска. 

Според нивните информации во околните држави јагнешкото се откупувало и за 6 до 7 евра за килограм. Иако 80% од јагнињата се откупиле и завршија на странските пазари, како Италија, Хрватска и дел Грција, сточарите велат дека ова само ќе придонесе за намалување на сточниот фонд, кој и онака бил неколкупати десеткуван последниве години поради несоодветните политики. Веќе со години немало отворено ново одгледувалиште за овци во Македонија.

„Ако вака продолжи скрос ќе се заврши со сточниот фонд, нешто со субвенциите што ги зедовме вака се подзадржа, ама тешка ситуацијата ќе биде. Веќе нема млади, нема сточари, ниту едно РБО во Македонија нема ново отворено“, кажа Марјанчо Стојаноски, потпретседател на здружение на сточари „Орлови бари“.

Кланична индустрија пак со спротивен став, дека дури оваа цена им била висока на откупувачите.

„Спрема минатата година, оваа година извозот на македонското јагне е послаб, најмногу поради цената, висока е цената, не одговара за извозниците, ни за купците во Италија и Хрватска“, рече Тони Павлоски, кланична индустрија.

Пред месарниците пак гужви, но само за јагнешки џигери, за месо малку потешко. Килограм јагнешко се продава од 500 до 550 денари. Граѓаните поделени околу тоа дали овој Велигден ќе си дозволат јагнешко за трпезата. 

Некој за Велигден ќе си помине со главчиња и џигери, некој со јагнешко месо, но сите се согласни дека цената од 500 денари за килограм јагнешко е превисока за нашиот стандард, кој тешко може да го фати ритамот со скапите трошоци за живот. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons