15-35% поскапи угостителски услуги во Oхридскиот регион ова лето 

Оваа сезона поскапи цени во хотелско угостителскиот сектор. Туристичките работници најавија дека од 15 до 35 посто ќе има зголемување на угостителските услуги како резултат на поскапувањето на храната и пијалоците, а со повисоки цени нема да изостанат ни сместувањата кои се нудат на брегот на Охридското Езеро.

Туристите велат дека Охрид останува атрактивна дестинација и поевтина од другите туристичките центри од регионот.

– Се гледа дека луѓето тука се со отворено срце и дека добронамерно не примаат, за прв пат сум во Охрид

– Мене Охрид ме воодушеви за шетање, а има и топлина од народот, добро сме примени и се надевам дека повторно ќе се вратиме тука.

– Оваа љубезност, ова сонце, овој друг менталитет на луѓе со големо срце тоа е она што нас не привлекува.

Како наближува летната сезона, така се продлабочува проблемот со недостиг на кадар во хотелско-угостителскиот сектор во Охрид , па туристичките работници ќе увезуваат келнери, шанкери, кувари и собарки од азиските земји. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons