Непалци и Филипинци би работеле за просечна македонска плата, но имаат и услов 

Реално и можно е граѓани од Непал и Филипините да работат во Македонија за просечна македонска плата, но да им бидат покриени оброци и сместување. 

Ова го тврдат нашите соговорници од двете земји. За Македонија скоро и да не знаат ништо, но откако им кажавме колку изнесува просечната плата, велат дека би работеле, ако имаат и други бенефиции, односно да имаат обезбедено сместување и храна. Додаваат дека во нивните земји со години економската состојба е лоша, работа тешко се наоѓа и доколку добијат шанса за работа во странство, заминуваат. 

Зависи што ќе работат, но секако дека е можно Филипинци да работат во Македонија. Нашите луѓе заминуваат надвор, работат различни професии. Овде е тешко да се најде работа, посебно во малите места. Луѓето се вредни и знаат странски јазици. Заминуваат во САД, доаѓаат во главниот град Манила поради работа, одат и на други места. Некои остануваат да живеат во странство, а некои се враќаат“, вели нашата соговорничка, Јоселин Монгаја која живее во Манила на Филипините.

Прабина Срестха од Непал додава дека македонската просечна плата е многу ниска, но ако се работи за пакет со платени оброци и сместување, тогаш е прифатливо. 

Нашите луѓе одат насекаде да работат, од Европа до Америка. Ние имаме сиромашна, средна и богата, висока класа во државата. Луѓето заминуваат надвор за да заработат. Дали се работи за мал или голем град во Непал, исто е, овде е тешко за наоѓање работа. Jaс барам работа, но уште сум невработена. Tри години сум без работа. Но, вашите плати се доста ниски“, рече Срестха која живее во Катманду. 

Во јавноста се отвори прашањето за „увоз на работна сила“, опција која се смета за меч со две острици. Но, има и предлози според кои државата треба да ги активира луѓето кои се работоспособни, но долги години се без работа. 

Податоците кои се достапни на интернет говорат дека просечната плата во Непал е 664 американски долари. Нашата соговорничка од Непал потврдува дека тоа е реален податок за просечната заработка кај нив. Податоците кои се однесуваат за платите на Филипините, покажуваат дека зависно од типот на компанијата, има работници кои земаат плати од 170, 210, 270  долари месечно. Од почетокот на годинава заклучно до крајот на март, Агенцијата за вработување на Македонија (АВРМ) дала позитивни мислења за издавање работна дозвола за странец до Министерството за внатрешни работи за две лица од Непал, 10 лица од Пакистан, додека за Бангладеш нема поднесени барања, информираа од АВРМ за МИА.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons