Ѓорческа тргна со победа на турнирот во Анталија

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа со убедлива победа во два сета на Холанѓанката Маделиеф Хагеман го почна ИТФ фјучрс турнирот во Анталија кој се игра за награден фонд од 25.000 долари.

Мечот траеше 71 минута, а Ѓорческа извојуваше победа во два идентични сета од по 6-2.

Ова беше прв меч за Македонката по квалификациите на Австралија опен.

Ѓорческа која е трета носителка на турнирот во Анталија, во второто коло ќе игра со победничката од мечот меѓу Унгарката Амариса Киара Тот и Владислава Андреевскаја од Казахстан.

Македонската тенисерка настапува и во конкуренција на двојки заедно со Ева Ведер од Холандија, каде се рангирани како втори носителки и во првото коло ќе играат против јапонските тенисерки Мајука Аикава и Фуна Козаки од Јапонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons