Судот пресуди: Трамп нема имунитет од кривично гонење во случајот за наводниот обид за поништување на изборните резултати во 2020

Советот на федералниот жалбен суд одлучи да ги одбие аргументите на Доналд Трамп дека не може да биде кривично гонет поради своите наводни напори да ги поништи изборните резултати во 2020 година, бидејќи тоа вклучувало дејства кои ги преземал додека бил претседател на Соединетите Американски Држави.

Во текот на сослушувањето на усните аргументи во Вашингтон на 9 јануари, тричлениот совет при Апелацискиот суд во округот Колумбија изразил скептицизам кон барањето на Трамп за имунитет, додека поранешниот американски претседател гледал во судницата, а денес тужбата е отфрлена.

Минатата година Трамп поднесе барање за отфрлање на сојузното обвинение кое го поднесе специјалниот обвинител Џек Смит, кој го обвини поранешниот претседател за неговите напори да ги поништи изборите во 2020, вклучувајќи промовирање лажни гласачки листи и опструкција на Конгресот на 6 јануари 2021.

Судијата го отфрли тоа барање, што Трамп го натера да да се жали во округот Вашингтон.

Набљудувачите, пред да биде донесена одлуката, сметаа дека пресуда во корист на Трамп ќе биде очигледен, значителен удар врз Смит, додека одлука дека Трамп нема имунитет би значела дека ќе се жали пред Врховниот суд на САД, што би предизвикало огромно доцнење во случајот среде предизборите и „форсирање“ на највисокиот суд кој им е наклонет на конзервативците.

Обвиненијата се однесуваа на напорите на Трамп по поразот на изборите во 2020 од Џо Бајден да ги поништи резултатите, кампањата на суд, во медиумите и притисокот врз изборни функционери во таканаречените „неодлучени“ држави, што кулминираше со упадот на неговите поддржувачи во јануари 2020 во обид да го спречат потврдувањето на победата на Бајден од страна на Конгресот.

Трамп се соочува со 91 обвинение во четири одвоени кривични случаи, од кои два се сојузни, еден е во Њујорк и еден во Џорџија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons