Навас не сака да ги дели натпреварите со Донарума 

Кејлор Навас вели дека има добар однос со Џиџо Донарума, но смета дека следната сезона не може да биде како и оваа, да ги делат натпреварите двајцата голмани.

ПСЖ направи проблем со тоа што во составот има два врвни голмани кои ги делат натпреварите. Незадоволство има и кај двајцата иако тие јавно велат дека имаат добар однос.

Навас по вчерашниот меч на ПСЖ рече дека таквата ситуација мора да се смени за следната сезона.

„Среќен сум во Париз, имам добар однос со Донарума, но сакам да бранам на сите натпревари, ќе биде комплицирано ако ситуацијата остане како оваа сезона“, вели Навас.

„Ситуацијата треба да се промени“.

Тоа значи дека или тој, или Донарума ќе треба да го променат клубот на лето.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons