Во ПСЖ не се знае кој пие, а кој плаќа: Спортскиот директор се симна на теренот и почна да дели инструкции!

Во ПСЖ се случуваат чудни работи, спортскиот директор Луис Кампос синоќа од трибините се симна на теренот и почна да им дава инструкции и наредби на играчите и покрај тоа што тренерот Кристоф Галтие стоеше покрај него.

„Светците“ поминуваат низ кризен период, за прв пат по 2011 година загубија на три натпревари во низа а синоќа им се смешкаше нов пораз откако Лил успеа да направи пресврт и да поведе со 2-3.

Водството на гостите беше причина за спортскиот директор од трибините да се симне долу на теренот, да влезе во просторот наменет за тренерот и да почне на фудбалерите да им дели инструкции и наредби и покрај тоа што Кристоф Галтие стоеше покрај него.

ПСЖ со голот на Лео Меси од слободен удар длабоко во судиското надополнување победи со 4-3 и ова беше повод за нов испад на Луис Кампос кој тргна жестоко да слави во лице на еден од делегатите и мораше да биде задржан за да не дојде до инцидент.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons